Уставниот суд на Полска одлучи, постапувајќи по прашање од полскиот премиер Матеуш Моравјецки, дека некои членови од основниот договор на Европската унија не се во согласност со полскиот Устав и затоа Полска не мора да почитува некои пресуди на Судот на правдата на ЕУ. „Уставниот суд утврди дека легитимитетот на органите на ЕУ да поставуваат обврзувачки норми во Полска постои само до тој степен до кој полскиот суверен, односно народот, дал согласност. Полското судство му припаѓа на полскиот уставен идентитет. Во врска со тоа никогаш не ѝ било предадено на ЕУ и останува во рамките на ексклузивната надлежност на полскиот законодавен дом“, стои во образложението на пресудата.
Фон дер Лајен: ЕУ да изврши притисок врз Полска и Унгарија за демократските вредности
Полска ги повлече контроверзните судски реформи под притисок на ЕУ
Уставниот суд изјави дека членството во ЕУ и фактот дека Варшава го потпишала основниот договор за функционирање на ЕУ по влегувањето не значи дека таа го предала својот правен суверенитет на судовите во Унијата и дека во сите случаи правото на ЕУ не е супериорен во однос на полското. Како одговор на тужба на премиерот Моравиецки во врска со судските реформи во Полска, Уставниот суд ѝ дозволи на полската влада да ги игнорира пресудите на Европскиот суд на правдата и со тоа да ги заштити контроверзните судски реформи, што ги политизираше изборите и ја загрози независноста на полските судии. „ЕУ влезе во нова фаза. Ако оваа нова фаза доведе до губење на суверенитетот на Полска, тогаш тоа не е во согласност со полскиот Устав. Ниту едно полско тело не смее да дозволи таква ситуација“, изјави судијата Бартоломеј Сохањски.
Владата на Полска се подели околу контроверзниот закон за медиуми
Уставниот суд на Полска нагласи дека Договорот за ЕУ, како и секој ратификуван меѓународен договор, стана дел од полскиот правен систем, но дека е во хиерархија под Уставот на Полска и мора да биде во согласност со него. Уставниот суд на Полска беше првиот што помина низ реформата кога конзервативците на Јарослав Качински дојдоа на власт во есента 2015 година и во неа беа избрани главно подобни судии.