Кремљ соопшти дека протерувањето на осум Руси од Дипломатската мисија на Москва во НАТО „речиси целосно“ ја поткопа секоја надеж за подобрување на односите.
Коментарите на портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, доаѓаат еден ден откако претставниците на НАТО ја објавија одлуката за протерување на Русите, кои според нив, биле „непријавени разузнавачи“.
Со тој потег се преполовува официјалната руска мисија во НАТО.
„Постои очигледна контрадикција меѓу изјавите на претставниците на НАТО за нивната желба за нормализирање на односите со нашата земја и вистинските постапки“, рече Песков.
„Овие акции, се разбира, не ни дозволуваат да имаме илузии за можноста за нормализирање на односите или продолжување на дијалогот со НАТО“, рече тој.
„Напротив, овие перспективи се речиси целосно поткопани“, вели Песков.
Одамна вжештените односи меѓу Москва и Алијансата дополнително се влошија во 2014 година, откако Москва го анектираше Кримскиот Полуостров од Украина и го поттикна конфликтот во источна Украина кој сè уште трае.
Во меѓувреме, руски претставници ја обвинија Алијансата за дволичност поради проширувањето на во поранешните советски републики на крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите години и поради поддршката на американскиот плат за распоредување противракетен систем во Источна Европа.
Алијансата, пак, изрази загриженост за зголемената воена активност долж границите на НАТО.
Претерувањето е второ од ваков вид во изминатите години. Во 2018 година, седум руски дипломати беа протерани по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ во Англија.
Тогаш, НАТО ја намали руската мисија од 30 на 20 луѓе.