Соединетите држави ја поздравија Декларацијата на лидерите на Европската унија усвоена вчера на самитот ЕУ -Западен Балкан во Словенија и укажаа на важноста од продолжување на процесот на проширување на Унијата. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија „продолжуваат да покажуваат посветеност кон реформите“. „Клучно е вратите на Европската унија да останат отворени за нив“, напиша Прајс на Твитер.
Која беше поентата на самитот ЕУ - Западен Балкан?
Заев: Чекорите и блокадите од Радев се навреда за македонските граѓани
Лидерите на ЕУ, со согласност на лидерите од Западен Балкан, вчера во Брдо кај Крањ усвоија Декларација со која се потврдува посветеноста на Унијата кон процесот на проширување и се најавува интензивирање на заедничкиот ангажман за целокупната трансформација на регионот. Во декларацијата не се споменуваат рокови или датуми во врска со продолжувањето на процесот на проширување.