Вардар загаден со тешки метали во рамките на европските стандарди

Илустрација, реката Вардар

Тешки метали, пестициди, инстектици и медикаменти содржи водата во Вардар, покажаа првите резултати од мерењето на загадувањето на реката Вардар кое го спороведе хемискиот оддел на солунскиот универзитет „Аристотел“ во рамки на реализираниот проект со општина Гевгелија за одржливо управување на водните ресурси. Според првичните резулатати загадувањето на реката Вардар кои не ги надминуваат европските стандарди.

„Досегашните мерења на квалитетот на водата од Вардар покажуваат присуство на тешки метали, пестициди и инсектициди кои се препишуваат на прскањата против комарци како и присуство на медикаменти. Првичните анализи покажуваат дека за среќа констатираните загадувања не ги надминуваат европските стандарди“ изјави Димитра Ламбропулу од универзитетската лабораторија во Солун.

За грчкиот дел од реката Вардар таа нагласи дека посебно карактеристична е концентрацијата на медикаменти, додека на другата страна во водата има зголемено присуство на тешки метали и пестициди.

Примероци на вода од македонската страна на реката Вардар наскоро ќе се анализираат и во лабораторијата на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија која е опремена со современи инструменти.