Владата и Стопанската комора дискутирале за ублажување на ценовниот шок

Електрична централа, илсутрација

Владата мора да изнајде начин начин да им помогне на компаниите во рамките на можностите, Регулаторната комисија за енергетика во рамки на своите надлежности најенергично да ги санкционира сите снабдувачи кои неосновано, непрофесионално и бесправно ги откажуваат веќе склучените договори со компаниите, а Стопанската комора на Северна Македонија да го сублимира мислењето на компаниите.

Ова е заклучокот по вчерашната средба на премиерот Зоран Заев, Претседателот на регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски и претседателот на Стопанската комора Барнко Азески, се вели во сооопштението на Стопанската комора.

Во соопштението е посочено дека Стопанската комора ја поздравува одлуката за интевентен увоз на јаглен за македонските електрани со кои ќе се подигне на максимално ниво производството и се повикуваат компаниите да учествуваат на овој јавен повик, кој ќе овозможи нивна работа подолг период и поевтина електрична енергија и за нив и за домаќинствата.

Во продолжение е наведено дека состојбата со гасот се очекува да биде стабилна до крајот на годината, а преговорите за наредната година ќе започнат кон крајот на овој месец.

„По опсежната дискусија и размена на мислења, јасно беше дека кризата е реалност и дека ќе потрае подолг период, и ќе бара решенија кои ќе имаат и долгорочен и кракорочен карактер. За таа цел, мора да се изврши мобилизација на сите учесници во овој процес, затоа што тоа е од круцијален каратер за егзистирање и развој на македонската економија“, се вели сво соопштението.

Од Стопанската комора посочуваат дека на средбата се разговарало и за други модалитети што ќе бидат предмет на расправа во петок на средбата на засегнатите компании и надлежните институции, како можноста да државата преку ЕСМ обезбеди поголемо количество на струја со пониска цена, продолжување на процесот на инвестирање во обновливите извори на енергија.

Претходно на прес конференција претставници на Стопанската комора предупредија на нов ценовен шок до крајот на годината. Тие тврдеа дека драстично ќе поскапи храната, во некои сектори и од 40 до 50 отсто, ако Владата не помогне во спречување на ценовниот шок.