Притворен главниот обвинител на Молдавија под обвинение за корупција

Главниот обвинител на Молдавија Александру Стојаногло

Главниот обвинител на Молдавија Александру Стојаногло, назначен од опозицијата, е суспендиран и притворен за наводна корупција. Тој беше однесен во притвор во главниот град Кишињев откако маскирани лица од разузнавачката и безбедносната служба на земјата извршија претрес во неговата канцеларија и дом. Антикорупцискиот обвинител Виктор Фуртуна рече дека Стојаногло е обвинет за злоупотреба на службената положба, пречекорување на службените должности, корупција и давање лажни изјави.

Проевропската партија победи на изборите во Молдавија


Претседателката Маја Санду го победи својот претходник, поддржан од Москва, Игор Додон, на изборите во ноември минатата година, на платформа на реформи и справување со корупцијата, додека се обидува да ја приближи Молдавија до Западот. Стоианогло беше назначен во 2019 година од Додон. Министерот за правда Серџиу Литвиненко го обвини Стојаногло дека е „марионета во рацете на големи корумпирани службеници и крадци кои со децении ја ограбуваат Молдавија“.

Про-ЕУ претседателката на Молдавија во тешкотии околу формирањето нова влада

Додон рече дека владата направила „фатална политичка грешка“, обвинувајќи ја Санду дека ги заробила државните институции. „Денес сме убедени колку е опасно за владеењето на правото кога диктатурата се камуфлира во демократијата, а узурпацијата на власта се крие зад проевропските слогани“, напиша тој во објавата на Фејсбук.Молдавија, најсиромашната земја во Европа и беше зафатена од нестабилност и скандали со корупција во последните години, вклучително и исчезнување на милијарда долари од банкарскиот систем.