Словенија домаќин на самитот на Европската унија и Западен Балкан

Сликата го прикажува официјалното лого на претседателството на Словенија со Европската унија во Брдо при Крањ

Самитот на Европската унија и Западен Балкан што ќе се одржи денеска на Брдо кај Крањ во Словенија, ќе ги собере шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ и нивните колеги од Западен Балкан. Меѓу главните теми на самитот ќе бидат развојот на соработката ЕУ-Западен Балкан за политички и безбедносни прашања од заеднички интерес, социо-економското закрепнување на регионот по пандемијата, имплементација на Економскиот и инвестициски план и зајакнување регионална соработка. Лидерите на ЕУ се очекува да ја усвојат декларацијата на крајот од состанокот, а лидерите на Западен Балкан ќе бидат поканети да се усогласат со документот.

Што напиша ЕУ во Декларацијата „Брдо“

Во декларацијата во која имаше увид Радио Слободна Европа се наведува дека ЕУ ја потврдува својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и ја поздравува посветеноста на партнерите од Западен Балкан кон европската перспектива. Членките на Унијата и во Декларација ја нагласуваат важноста од почитувањето на добрососедските односи во регионот, и исполнувањето на Договорот од Преспа на Северна Македонија со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, како и пронаоѓање и спроведување на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови на партнерите и прашањата вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи.

Бајден до Фон дер Лајен: силна поддршка за пристапниот процес на Западен Балкан

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека денеска изутрина ќе германската канцеларка Ангела Меркел ќе ги седне на иста маса со неа францускиот претседател Емануел Макрон, бугарскиот претседател Румен Радев и македонскиот премиер Зоран Заев. Претходно, како што рече Заев треба да се одржи друг четворен состанок во меѓу него, Радев, словенечкиот премиер Јанез Јанша и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи. Ова се објаснува како засилување на обидот да се најде решение за блокадата на Бугарија на европската перспектива на Македонија. Самитот ќе го води претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кој ќе ја претставува Европската унија заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.