Пристигнаа уште 97 граѓани од Авганистан, кои привремено ќе бидат сместени во земјава

Пристигнување на првата група Авганистанци во Скопје на 31 август

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигнаа 97 граѓани од Авганистан кои се активисти на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ). Тие ќе бидат привремено сместени во Македонија, додека не биде обезбеден трансфер до нивната крајна дестинација.

По слетувањето, на граѓаните од Авганистан им беше спроведена стандардна процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.

Трошоците за оваа група граѓани ќе бидат целосно покриени од НДИ, информира владата.

Првата група од 149 Авганистанци пристигна во Скопје на 31 август, а втората група од 44 луѓе пристигна на 15 септември.