Неколку илјади демонстранти се собраа пред затворот во грузискиот град Рустави, барајќи ослободување на поранешниот претседател Михаил Саакашвили. Основачот на сега водечката опозициска партија во Грузија, ја напушти таа земја во 2014 година и стана државјанин на Украина, по што беше осуден во отсуство на шест години затвор за корупција. Тој се врати во Грузија пред локалните избори минатата недела, со цел да ги мотивира опозициските гласачи, но беше уапсен штом објави на социјалните мрежи дека се вратил дома.
Грузискиот премиер тврди дека го уапсиле поранешниот претседател Саакашвили
Обединетото национално движење, основано од Саакашвили во 2001 година, е водечка политичка сила во спротивставувањето на владејачката партија Грузиски сон. На локалните избори, одржани минатиот викенд, партијата Грузиски сон освои 47 проценти од гласовите, а Обединетото национално движење 31 проценти.
На изборите во Грузија води владејачката партија
„Додека Михаил Саакашвили е во затвор, секој од нас е затвореник“, изјави лидерот на оваа партија Никанор Мелија. Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили во неделата рече дека „никој на планетата не може да го убеди да го ослободи Саакашвили“. Саакашвили ги водеше мирните прозападни протести во Грузија во 2003 година, што доведе до смена на нејзиниот претседател, Едуард Шевернадзе, а потоа од јануари 2004 до ноември 2013 година, беше шеф на државата. Од мај 2015 година до ноември 2016 година, Саакашвили беше гувернер на украинскиот регион Одеса.