Турција во борба против високата инфлација со отворање илјада нови пазари

Илустрација

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека со отворање на нови илјада пазир ќе се обиде да ја спречи високата инфлација. Со отворањето на новите пазари тој посочи дека ќе им се обезби на граѓаните снабдување со производи за широка потрошувачка по разумни цени.

Владата им нареди на земјоделските задруги да отворат околу ичјада нови продажни места, чија изградба треба да започне наскоро, со цел да се снабдат граѓаните со „евтина и квалитетна стока“ и „да се балансира пазарот“.

Владата како виновник за високите цени го посочи супермаркетите, отворајќи неколку истраги поради сомнеж за потенцијално високи цени.

Анкара по втор пат воведува ваква мерка. Прв пат тоа го стори во 2019 година, по валутната криза и скок на инфлацијата, отворајќи свои пазари каде земјоделците продаваа свој зеленчук и овошје по ниски цени.

Зголемувањето на цените на храната за речиси 30 проценти, глобалниот скок на цените на суровините и остриот пад на турската лира го поддржаа јакнењето на инфлацијата во текот на оваа година.