Од 1 декември ќе стапи во сила забрана за пластични кеси, односно ќе биде дозволена продажба само на биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари за специјален фонд за животна средина.
Ова денеска го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Владата на која беше претставен Националниот план за управување со отпад 2021 – 2031.
Од 1 декември, како што информира, ќе биде забранета пластика за еднократна употреба во угостителските објекти во заштитени зони – тоа значи Пелистер, Маврово, Шар Планина итн.