Нобелова награда за медицина за двајца Американци

Нобелова награда

Нобеловата награда за медицина или физиологија годинава им е доделена на двајца американски научници, Дејвид Џулиус и Ардем Патапутиан „за нивните откритија на рецепторите за температура и допир“.

Шведскиот институт Каролинска, објавувајќи ги добитниците, соопшти дека „револуционерните откритија“ на Џулиус и Патапутиан „ни овозможија да разбереме како топлината, студот и механичките сили може да ги иницираат нервните импулси што ни овозможуваат да го перцепираме и да се прилагодиме на светот“.

Џулиус е професор на Универзитетот во Сан Франциско, а Патапутиан е професор на Скрипс рисирч во Калифорнија. Тие ќе добијат златен медал и ќе поделат парична награда од над 1.1 милиони долари.

Останатите нобелови награди, за физика, хемија, литература, мир и економија ќе бидат објавени во текот на следните денови.