Годинашната сезона на Нобеловата награда започнува денеска со објавување на имињата на лауреатите за медицината, а како и секоја година, наградите за мир и литература привлекуваат најголемо внимание. Традиционално, името на добитникот на Нобеловата награда за медицина ќе биде објавено денеска, во вторник за физика, в среда за хемија, в четврток за литература и в петок за мир. Името на добитникот на Нобеловата награда за економија ќе биде објавено следниот понеделник.
Над 300 номинации за Нобелова награда за мир
Нобеловите награди постојат благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, пронаоѓач на динамит, кој сакал секоја година да се издвојуваат пари од неговиот фонд за придонес во човештвото. Во Париз во 1895 година, една година пред неговата смрт, Нобел во тестаментот ја вклучил желбата за основање на Нобеловиот фонд.
Нобеловата награда за мир за Светската програма за храна на ОН
Нобел (1833-1896) ги назначи институциите што ќе доделуваат награди секоја година, вклучувајќи ги Шведската академија за литература, Каролинската институција за медицина, Кралската шведска академија за физика и хемија и Комитетот за мир специјално избрани од парламентот на Норвешка. Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек за девет милиони круни (околу милион евра), а паричниот износ на наградата се дели ако има повеќе лауреати во една дисциплина. Доделувањето на наградата традиционално се одржува на 10 декември, денот на смртта на Алфред Нобел.