Состанок на светските верски лидери за климатските промени

Папата Франциск на Света миса на крајот на Меѓународниот евхаристиски конгрес на плоштадот на хероите во Будимпешта на 12 септември 2021 година

Ватикан, Британија и Италија денеска организираат состанок на околу 40 верски водачи од најголемите светски религии и научници, од над 20 земји.
Ватикан се надева дека состанокот на кој светските верски водачи ќе заземат заеднички став за животната средина може да ги „подигне амбициите“ за тоа што може да се постигне на конференцијата на ОН за климатски промени следниот месец. Водачите, вклучително и папата Франциск, ќе потпишат заедничка жалба и ќе ја предадат на италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.

Извештајот на ОН за климатските промени- црвен сигнал за човештвото

Дали воопшто е возможна борба против климатските промени?

На средбата под името „Вера и наука: Кон COP26“ освен папата ќе учествуваат архиепископот на Кантербери Џастин Велби и православниот екуменски патријарх Бартоломеј, како и претставници на исламот, јудаизмот, хиндуизмот, сикизмот, будизмот, конфучијанизмот и таоизмот.