Петмина припадници на пакистанските безбедносни сили се убиени во напад од страна од пакистанските талибанци во Северен Вазиристан во земјата, изјавија официјални лица за РСЕ. Милитантите го нападнаа конвојот на безбедносните сили за време на операцијата, според локалната администрација и воени извори.
Пакистанските талибанци ги зголемија нападите врз безбедносни сили во северозападен Пакистан во последните неколку месеци. На 14 септември, седум војници беа убиени во напад преземен од тврдокорната исламистичка група во Северен Вазиристан.
Пакистанските безбедносни сили извршија масовна воена операција во регионот во јуни 2014 година и тврдат дека талибанците се искоренети од земјата. Сепак, локални жители и независните набудувачи веруваат дека нападите покажуваат дека групата повторно се прегрупира.
Пакистанските талибанци се посебна милитантна група од авганистанските талибанци, која ја собори владата во Кабул поддржана од Западот кон средината на август. Сепак, милитантните групи на Пакистан честопати се поврзани со оние преку границата во Авганистан.
Последниот напад во Северен Вазиристан се случи еден ден откако талибанците ги отфрлија тврдењата на пакистанскиот премиер Имран Кан дека владата води разговори со групата за постигнување прекин на огнот.