Милијардерот Олег Тинков, чија онлајн банка е втор најголем издавач на кредитни картички во Русија, се изјасни за виновен за поднесување лажна даночна пријава во САД и се согласи да плати 507 милиони долари данок, камати и казни, соопшти американското Министерство за правда.
Тој беше обвинет за прикривање на имот и приход од 1 милијарда долари кога се откажа од американското државјанство во 2013 година.
Тинков, чии бизниси, вклучувајќи ја и Тинкоф банка, ги држи неговата инвестициска компанија ТЦС Груп, беше уапсен во Лондон во февруари 2020 година во врска со обвинението и ослободен со кауција, бидејќи се бореше со акутна леукемија.
Неговото рочиште за пресуда е закажано за 29 октомври.