Отстранување на барикадите на границата меѓу Косово и Србија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На граничните премини Јариње и Брњак утрината започна отстранување на барикадите како дел од договорот со посредство на ЕУ за смирување на тензиите, предизвикани од спорот околу регистарските таблички на возилата. Во наредните две недели КФОР ќе биде присутен на подрачјето. Отстранувањето на импровизираните барикади става крај на потенцијално експлозивната ситуација што ги спротивставува косовските и српските заедници едни против други. Премините беа блокирани од локалните Срби откако косовските власти на 20 септември им наредија на сите возачи што влегуваат од Србија на Косово да користат привремени, печатени регистарски таблички во употреба од 60 дена.