Грузијците денеска гласаат на изборите за градоначалници и локални совети ширум земјата што се смета за референдум за владејачката партија Грузиски сон во поларизираната земја од Јужен Кавказ.
Гласањето веќе станува спорно поради поранешниот претседател Михаил Саакашвили кој се врати во земјата ноќта пред изборите да ја собере опозицијата и да повика на протести, за потоа да биде уапсен во рок од неколку часа.
Саакашвили, кој беше осуден во отсуство во 2018 година и живееше во Украина во последниве години, објави планови претходно оваа недела дека планира да се врати во Грузија за гласањето, и покрај можноста да оди во затвор, тврдејќи дека сака да помогне во „спасување на земјата“.
На изборите се гласа за градоначалници во 64 општини, како и за скоро 2.100 членови на локални совети за самоуправа. Во Тбилиси, 16 кандидати се борат да го преземат раководството на главниот град.
Локалните избори доаѓаат во услови на долготрајна политичка криза во земјата откако Грузискиот сон победи на парламентарните избори во октомври минатата година. Опозициските партии тврдеа дека гласањето е неправедно и лажно. Меѓународните набудувачи соопштија дека гласањето било конкурентно и дека главно се почитуваат основните слободи.