Седум загинати во пожарот во ковид одделение во Романија

Евакуираните здравствени работници од ковид оддлението во Констанца каде што се случи пожарот

Во пожарот во болницата во романскиот град Констанца во која се лекуваа луѓе заразени од ковид-19 загинаа седум пациенти, рече Луциан Боде, министер за внатрешни работи на Романија. Пожарот се случи утринава на одделот за интензивна нега во болницата за заразни болести.

Во почетокот дојде до нејаснотии за бројот на загинатите бидејќи локалните власти пријавија девет починати кои се лекувале во одделот во кој се сместени најтешките случаи. Но, обвинителите кои излегоа на местото на несреќата подоцна утврдија дека загинале седум луѓе. Пожарот бил изгаснат за околу еден час, а пациентите и вработените биле евакуирани. Во болницата во моментот имало 125 пациенти.

Во Романија во последните години се случија неколку смртоносни пожари во болниците од кои два во текот на пандемијата со коронавирусот. Пет пацинети загинаа во јануари во ковид одделението во Букурешт, а два месеца претходно загинаа 15 луѓе во ковид одделението во болница во северостирсочна Романија.