Четврти ден по ред бројот на починати од коронавирус во Русија урива рекорди, додека бројот на потврдени новозаразени континуирано расте, што предизвикува загриженост во официјален Кремљ.
Надлежните денеска информираа дека во претходните 24 часа регистрирани се 887 починати, што е највисок број од почетокот на пандемијата. Претходно, највисоката бројка починати за едно деноноќие беше 867 лица. Бројот на новозаразени е 24 552, што е највисок број за 24 часа од јули досега.
“Динамиката е лоша“, рече портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, додавајќи дека таа предизвикува загрижувања.
Како и да е, заменичката на премиерот Татјана Голикова, која е раководи со владиното тело за борба против коронавирусот, рече дека не планираат нови затворања. Русија која е петта во светот по погоденост од ковид-19 и каде што се регистрирани околу седум милиони инфицирани имаше само едно затворање досега.
И покрај тоа што земјата прва регистрираше вакцина против ковид-19 лани во август, испитувањата на јавното мислење покажуваат дека Русите се скептични за вакцинирањето, а мнозинството велат дека не планираат тоа да го сторат.