Бројките на новозаразени со коронавирус во училиштата се движат од 0,01 до 0,03 дневно, а активни случаи се 0,26 проценти од вкупно 240 илјади ученици во основното и средното образование кои наставата секојдневно ја посетуваат со физичко присуство, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Тоа значи дека во моментов активни се 624 случаи на ученици кои се заразени со коронавирусот.
„Министертството за здравство излезе со став дека во моментов не препорачуваат промена на моделот на настава, но дека подготвуваат скрининг на ученици“ изјави Царовска на првиот академски час на Природно-математичкиот факултет на УКИМ.
Брзи ковид тестови за учениците - меѓу стресот и ефектот