Лукашенко негира полициска злоупотреба и тортура

Белорускиот лидер Александар Лукашенко

Белорускиот лидер Александар Лукашенко ги отфрли сите сугестии дека треба да се извини за суровите полициски акции и големите апсења насочени кон демонстрантите по оспорените избори минатата година. Во интервју со Си Ен Ен објавено вчера, Лукашенко ги отфрли критиките од медиумите и од организациите за човекови права за големите прекршувања на човековите права во Белорусија.

„Не, не би сакал да ја искористам оваа прилика [да се извинам]. Кога би сакал, би го направил тоа преку белоруските медиуми. Тие се прилично добри за слушање. И во принцип, немам за што да се извинувам“, рече тој.

Лукашенко беше изолиран од поголемиот дел од меѓународната заедница, по претседателските избори од август 2020 година, на кои тој победи, но тоа предизвика неколкумесечни протести во земјата.

Протестите предизвикаа брутална полициска акција, има илјадници затворени и многу извештаи за полициска тортура. Во услови на изолација, Лукашенко се приближи до Русија, барајќи кредити и воена поддршка од рускиот претседател Владимир Путин.

Запрашан за извештаите на Амнести интернејшнал и Хјуман рајтс воч за полициска злоупотреба и туртура, Лукашенко рече дека во Белорусија нема „ниту еден притворен центар како Гвантанамо, или оние бази што САД и [Велика Британија] ги создадоа во Источна Европа“.

Меѓународните организации против укинувањето на белорускиот Хелсиншки комитет

Тој рече дека може да гарантира дека притворите во Белорусија не се полоши отколку тие во САД или во Велика Британија. Голем дел од белоруската опозиција е уапсен или принуден да ја напушти земјата. Лукашенко ретко дава интервјуа за странски медиуми. Интервјуто за Си Ен Ен во целост ќе биде објавено денеска.