Има жртви во пожарот во болницата за инфективни болести во романскиот град Констанца, пренесува АП. Властите потврдуваат дека има загинати, но засега не е познато колкав е бројот.
Во тек е евакуација на пациентите и персоналот од болницата за инфективни болести во Констанца.
„Потврдуваме дека има мртви“, соопшти Министерството за здравство.
Во соопштението се додава дека во болницата биле сместени 113 пациенти, од кои десет на интензивна нега.
Во Романија, која е членка на ЕУ, живеат 19 милиони жители. Во земјата имаше уште два смртоносни пожари во болници во последната година, што предизвика загриженост дека болничката инфраструктура во земјата е застарена.
Минатиот ноември во пожар во одделение за интензивна нега за пациенти со ковид во грегионот Неамт загинаа 10 луѓе. Во јануари исто така имаше пожар во одделение во болницата во Букурешт, при што загинаа пет луѓе.