Во Романија над 12.000 нови случаи на Ковид-19

Лекар и медицинска сестра од единицата за интензивна нега му помагаат на пациент со ковид-19 на Институтот за пневмологија Мариус Наста во Букурешт, 22 септември 2021 година

Романија вчера регистрираше 12.032 новозаразени со коронавирус, најмногу од почетокот на пандемијата. Последниот месец, бројот на заразени лица во Романија се зголеми од 1.000 случаи дневно на рекордни повеќе од 12.000. Вкупно 1.364 пациенти со ковид-19 се на интензивна нега, што речиси ги наполни капацитетите во земјата.

Се намалува интересот за анти-ковид вакцини во Романија

Романија ја има втората најниска стапка на вакцинација во Европската унија, само 34 проценти од возрасните се целосно вакцинирани. Според податоците објавени од здравствените власти од 20 до 26 септември, речиси 75 проценти од новозаразените и 92 проценти од починатите не биле вакцинирани. Романија, со 19 милиони жители, од почетокот на пандемијата регистрира повеќе од 1,2 милиони заразени и 37.041 починати.