Отворен интерконектор за руски гас од Србија до Унгарија

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин (Д) и неговиот унгарски колега Петер Сијарто присуствуваа на отворањето на интерконектор помеѓу гасоводните мрежи на нивните две земји, 30 септември 2021 година

Во Сегедин, Унгарија, беше отворен интерконектор, со кој гас ќе пристигнува во таа земја преку Србија, низ гасоводот „Балкански тек“. Првите испораки на гас, како што беше најавено, треба да започнат за Унгарија денеска. Конекторот беше отворен во Сегедин од министерот за полиција на Србија Александар Вулин и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кои оценија дека „гасоводот обезбедува енергетска безбедност на економијата и граѓаните на двете земји“.

„Балкански поток“ комплетен – Србија и Унгарија ги поврзаа цевките


Министерството известува дека Вулин рекол оти „благодарение на храброста на српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан, дека отфрлија бројни притисоци, понекогаш и уцени, денес имаме гасовод, за кој многу големи сакаа да го нема“. Тој нагласил дека гасоводот е од големо значење за Србија, бидејќи „од земја која плаќала за транзит, стана земја која наплаќа за транзит“.

Унгарија потпиша договор со Газпром за испорака на гас

На 27 септември, Унгарија потпиша нов долгорочен договор за снабдување со гас со руската државна компанија „Гаспром“ кој стапува во сила денеска. Будимпешта претходно објави дека договорот со „Гаспром“ важи 15 години, со клаузула за промена на купената количина по 10 години. Гасот ќе се испорачува преку две рути - 3,5 милијарди кубни метри преку Србија и една милијарда кубни метри преку Австрија.