Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за избегнување на затворање на владата и за нејзино финансирање до 3 декември. Само на неколку часа до крајот на фискалната година, Белата куќа соопшти дека Бајден брзо ја потпишал мерката зад затворени врати пред да заврши финансирањето. Бајден во изјавата рече дека предлог-законот „ги задоволува критичните и итни потреби на нацијата“, вклучително и помош за катастрофи и финансирање на преселување на „авганистанските сојузници во Соединетите држави по крајот на 20-годишната војна во Авганистан“.
Сенатот на САД усвои закон за инфраструктура од 1.200 милијарди долари
Претходно законот помина порано со двопартиска поддршка. Гласањето во Претставничкиот дом беше 254-175, а во Сенатот 65-35 гласови. Бајден рече дека има уште многу да се направи, но усвојувањето на предлог-законот „нѐ потсетува дека е можна двопартиска работа за да ја одржуваме нашата влада да работи за американскиот народ“.
Демократите во американскиот Сенат со договор за буџет од 3,5 илјади милијарди долари
Со спречена една криза, членовите на Конгресот сега можат да се фокусираат на законодавството за зголемување на владината граница за задолжување пред 18 октомври. Доколку Конгресот дотогаш не го зголеми лимитот на долгот, секретарката за финансии Џенет Јелен рече дека Соединетите држави ќе се соочат со историски неуспех најверојатно проследено со финансиска криза и економска рецесија.