Францускиот суд го прогласи за виновен поранешниот претседател Никола Саркози и го осуди на една година домашен притвор, во случајот за незаконско финансирање на кампањата поврзана со неговиот неуспешен обид за реизбор во 2012 година.
66-годишниот Саркози ќе треба да носи нараквица за електронски мониторинг, според пресудата која беше донесена на 30 септември.
Тој беше обвинет дека потрошил речиси двојно од максималната законска сума од 22,5 милиони евра за кандидатурата за реизбор што ја загуби од Франсоа Оланд, кандидатот на Социјалистичката партија.
Поранешниот претседател, кој беше на функцијата од 2007 до 2012 година, негираше дека сторил нешто лошо. Ројтерс го цитираше адвокатот на Саркози, Тиери Херцог, кој рече дека судската одлука ќе биде обжалена.
Саркози не беше присутен во судот во Париз при објавувањето на пресудата.
Денешната пресудата следуваше откако екс-претседателот беше прогласен за виновен на 1 март за корупција и трговија со влијание во друг случај. ВО случај Саркози беше осуден на една година затвор и две години условно, но е слободен во очекување на жалбата.