Холандија и Шведска ги олеснија мерките за вакцинираните од Северна Македонија

Илустрација - Стокхолм - главниот град на Шведска.

Холандија и Шведска го укинаа задолжителниот карантин од десет дена за патниците кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји каде спаѓа и Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи (МНР).

Во соопштението на МНР е наведено дека Шведска ја укинува привремената забрана за влез во земјата за луѓето кои ќе можат да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Северна Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан и се ослободени од условите за тестирање.

Слични олеснителни мерки наскоро најави и Белгија и тоа почнувајќи од 1 октомври.

„Покрај проширувањето на употребата на Ковид сертификатот, од Белгија најавија и намалување или целосно укинување на обврската за носење заштитни маски“, наведуваат од МОН.

Во Северна Македонија досега над 724 илјади граѓани се целосно вакцинирани, односно над 34 проценти од населението. Бројката е над 784 илјади со оние кои примиле една доза вакцина против коронавирусот, односно 37,8 отсто.