Русија ја прогласи групата за мониторинг на протести ОВД-инфо за „странски агент“

ОВД-Инфо

Русија ја прогласи групата за мониторинг на протестите ОВД-Инфо, која одигра голема улога во документирањето на демонстрациите против Кремљ, како „странски агент“. Русија неодамна етикетираше неколку медиуми за „странски агенти“, правна ознака што се користи за, како што велат властите, организации финансирани од странство, ангажирани во политички активности. Руското министерство за правда соопшти дека го вклучило медиумскиот проект ОВД-Инфо во листата на „нерегистрирани невладини организации кои дејствуваат како странски агент“.

Полицијата во Москва приведе активисти и новинар поради про-Навални акција

ОВД-Инфо со години ги покрива уличните протести против Кремљ и нуди правна поддршка за приведените од полицијата на ваквите собири. Меѓу другите лица вклучени во проширената листа се издавачите на независниот медиум Медиазон, главниот уредник Сергеј Смирнов и анти-Кремљ активистот Пјотр Верзилов, кој е сојузник на затворениот политичар Алексеј Навални. Москва вчера се закани дека ќе го блокира „Јутјуб“ откако ги отстрани каналите на германски јазик на руската државна телевизија РТ од својата страница.

Пред изборите за Думата, Кремљ го затвори порталот „Паметно гласање“

Терминот „странски агент“ носи негативни конотации од времето на Советскиот Сојуз и ги принудува медиумите да го објават ваквиот статус што сериозно ги намалува приходите од реклами. Неколку руски медиуми означени како странски агенти одлучија да затворат бидејќи пронаоѓањето спонзори и огласувачи стана речиси невозможно. Кремљ ја отфрла идејата дека медиумите се прогонуваат и вели дека е потребно законодавство за да се заштити Русија од странско мешање и дека новинарите и невладините организации можат да бидат изманипулирани.