Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска, како што е најавено, треба да поведе дебата за улогата на Советот на Европа на Западен Балкан кој се наоѓа меѓу демократските предизвици и европските аспирации. Непосредно пред дебатата на парламентарците од 47-те земји членки на Советот на Европа ќе им се обрати вицепремиерот на Северна Македонија задолжен за европски прашања, Никола Димитров. Претходно триесет и седум членови на Парламентарното Собрание на Советот на Европа предложија резолуција со која се бара поддршка за европска перспектива на Западен Балкан.
Иднината на Западен Балкан е во ЕУ, реагира ЕК по текстот на Ројтерс
„Време е Европската унија да го забрза процесот на интеграција на Западен Балкан со повторно започнување на преговорите со Србија и Црна Гора преку воспоставување преговори со Албанија и Северна Македонија, доделување статус на земја кандидат за Босна и Херцеговина и либерализација на визите за влез во ЕУ за косовските граѓани“, велат потписниците на документот.
Парализа во планот на ЕУ за проширување со земјите од Балканот
Тие понатаму, се на мислење дека ПССЕ може да помогне да се создаде политички момент за јасна европска перспектива за Западен Балкан, со препораки до засегнатите власти; понатаму да ги идентификува областите во кои Советот на Европа, со својата експертиза и механизми, треба да игра поважна улога, со што ќе му се помогне на регионот да продолжи напред кон реформите и успешно да ја продолжи својата европска вокација. Овој предлог не е разгледан од ПССЕ и е обврзувачки само за неговите потписници.