Министерството за внатрешни работи на Косово објави дека најостро ги осудува заканите за граѓаните на кои, согласно одлуката на МВР на Косово, им биле обезбедени привремени регистарски таблички на Косово. „Ваквите закани директно влијаат за создавање клима во која граѓаните се чувствуваат заплашени да живеат и работат во својата земја. Овие закани се неприфатливи и го попречуваат слободното движење на луѓе и стоки. Ги информираме сите граѓани дека заканата е кривично дело и дека овие и другите форми на закани ќе бидат испитани од полицијата и соодветно преземени законски мерки“, се вели во соопштението.
Фон дер Лајен: Дијалогот е единствено решение за кризата во северно Косово
Косовското Министерство за внатрешни работи наведе дека од 20 септември, кога започна спроведувањето на оваа одлука, издадени се 11.500 привремени регистарски таблички и ги повика „сите граѓани да продолжат да земаат привремени регистарски таблички и да не стануваат жртви на закани“.
Тензиите во северно Косово преку фотографии
Според српските медиуми, на автомобилите во Митровица, претежно оние со српски регистарски таблички, се појавиле заканувачки пораки да не се земаат привремени таблички.