Симовски- ДЗС нема побарано продолжување на Пописот

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски

Државниот завод за статистика досега нема побарано продолжување на Пописот 2021. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок, изјави вечерва за МИА директорот на ДЗС Апостол Симовски.

Симовски, појасни дека ако требало ќе побарале продолжување пред пет дена, а не на последниот ден.

Согласно Законот за попис, утре е последниот 26-ти ден од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година, кој започна на 5 септември. Поради технички причини имаше прекини во првите денови од попишувањето.