Меѓународните организации за човекови права ги повикуваат белоруските власти да ја повлечат тужбата со која се бара ликвидација на една од најстарите независни групи за човекови права во земјата - белорускиот Хелсиншки комитет. На овој потег, меѓународните организации, гледа како дел од големиот напор на владата на авторитарниот лидер Александар Лукашенко да ги замолчи сите критички гласови.
Заедничкиот повик на меѓународните организации, доаѓа пред одржувањето на рочиштето во Врховниот суд на Белорусија на 30 септември, на кое треба да се разгледува тужбата поднесена од Министерството за правда кон крајот на август.
Во заедничкото писмо од 22 септември, упатено до министерот за правда Алех Слижеуски, Хјуман рајтс воч, Амнести интернешенел и три други невладини организации го опишаа потегот за распуштање на белорускиот Хелсиншки комитет како обид за драконска и неповратна казна со која ќе се елиминира Комитетот, кој е долгогодишен бранител на човековите права.
Во тужбата против белорускиот Хелсиншки комитет се наведува има има несогласувања во финансиските информации што групата ги доставила до Министерството за правда.