За претстојните парламентарни избори во Бугарија закажани за 14 ноември, до бугарската Централна изборна комисија свои пријави за учество испратиле 22 партии и седум коалиции.
Ова е значително помал број партии што ќе учествуваат на третите парламентарни избори во Бугарија годинава
Денеска беше крајниот рок за регистрација на партиите и коалициите за изборите во ноември, кога ќе се одржат и редовните избори за претседател и потпретседател на Бугарија.
Инаку во Бугарија годинава два пати се организираа предвремени парламентарни избори по кои не можеше да се формира политичка влада. Во земјата во моментов има техничка влада што ја формираше бугарскиот претседател Румен Радев по првите избори во април годинава, кога исто како и по овие во јули ниту една партија не успеа да формира влада. Ноемвриските избори ќе бидат трети кај источниот сосед.