Во последните 24 часа регистрирани се 454 нови случаи на ковид-19 од направени 3.425 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје има 209 нови случаи, Куманово – 45, Штип – 22, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 12, Охрид и Струмица – по 11, Кичево – 10, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 9, Тетово и Гевгелија – по 7, Ресен – 5, Виница и Валандово – по 4, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар – по 2, Берово и Крушево – по 1.
Регистрирани сe 308 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 5 починати лица од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), 2 починати лица од Куманово (63г и 30г) и по едно починато лице од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година. Починатите лица се по 2 починати лица од Скопје и Струмица и по едно починато лице од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 години. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а 5 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 190.915 луѓе, бројката на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090.