Русија пријави 857 нови смртни случаи од ковид 19 во еден ден, што претставува дневен рекорд од почетокот на пандемијата. Овие податоци следуваат по зголемувањето на инфекциите поврзани со делта сојот и слабата кампања за вакцинација.
Владиниот кризен кризен центар за вируси денеска објави дека се пријавени 22.430 нови случаи на инфекција со коронавирус во претходните 24 часа.
Во Русија, петта најтешко погодена земја во светот со повеќе од седум милиони заразени, бројот на случаи е зголемен од минатиот месец, бидејќи процесот на вакцинација е забавен.
- Рекорден број починати како последица од ковид-19 во Русија
- Десетици блиски на Путин се заразиле со ковид - 19
Анкетите покажуваат дека Русите се скептични во врска со вакцините, а повеќето не планираат да се вакцинираат.
Само 28 проценти од населението е целосно вакцинирано до 28 септември, според веб -страницата Гогов, која ги собира податоците за ковид случаи во тој регион.