Некои ЕУ држави размислуваат за укинување на безвизниот режим за источноевропските земји и ЗБ

Украинско-полски граничен премин, илустрација за безвизен режим

Наводната злоупотреба од страна на некои држави од Западен Балкан, како и од Молдавија, Грузија и Украина, ги натера некои членки на Европската унија, како што се Германија и Франција, да ја разгледаат можноста за укинување на безвизниот режим, се наведува во интерен документ на ЕУ. Меѓу наведените злоупотреби се незаконски престој и неосновани барања за азил. Документот е од 27 септември, а во моментот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен е на турнеја во земјите од Западен Балкан.

Визниот режим на ЕУ за Црна Гора, Србија и Северна Македонија беше укинат во декември 2009 година, потоа за Албанија и Босна во 2010 година, за Молдавија во 2014 година и Грузија и Украина во 2017 година. Патување без визи до 90 дена во ЕУ се смета за важен чекор напред во односите на 27-те земји членки со Западен Балкан и поранешните советски држави според политиката на Источното партнерство.

Но, според истоимениот документ Германија, Франција и Италија во последно време се фрустрирани од наводните злоупотреби на патување без визи. Во него се споменува пораст на „неовластени прекршоци за престој“ извршени од државјани на Албанија, Молдавија и Украина, како и Албанија и Србија.