Заменик-портпаролката на Стејт департментот, Xалина Портер, изјави дека САД, во тесна координација со партнерите, интензивно ги истражуваат извештаите за можни абнормални здравствени инциденти каде и да се пријават. Така, таа одговори на новинарско прашање за наводите на Волстрит Џурнал во кои неименувани американски официјални лица тврдат дека Централната разузнавачка агенција (ЦИА) неодамна евакуирала разузнавач од Србија, кој се здобил со сериозни повреди идентични со невролошки напад, попознат како „Хавана Синдром“.
САД ја вратија Куба на листата државни спонзори на тероризмот
Синдромот првпат беше пријавен во Куба во 2016 и 2017 година, кога американски и канадски дипломати се пожалија на низа симптоми, почнувајќи од вртоглавица, губење рамнотежа, губење на слухот и вознемиреност до она што тие го опишаа како „когнитивна магла“. Соединетите држави ја обвинија Куба за извршување „звучни напади“, што Хавана остро го негираше, а инцидентот доведе до зголемени тензии меѓу двете нации. Волстрит Џурнал на 28 септември објави дека администрацијата на претседателот Бајден ја ставила потрагата по изворот на нападот на врвот на листата на приоритети. Медиумите наведуваат и дека Србија е последна во серијата напади, и дека претходните се случиле во Индија и Виетнам. Главниот заменик -портпарол Џалина Портер во изјавата објавена на веб-страницата на Стејт департментот на 29 септември рече дека Соединетите држави ги сфаќаат овие наводи „крајно сериозно“.