Северна Кореја изврши тест на суперсонична ракета

Луѓето гледаат ТВ што емитува снимка од вест за Северна Кореја, која истрела балистички ракети, Сеул, Јужна Кореја, 15 септември 2021 година.

Северна Кореја изврши успешно тестирање на суперсонична ракета, објави синоќа официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА, оценувајќи дека се работи за голем технолошки напредок. Успехот на овој тест е „од голема стратешка важност“ затоа што Пјонгјанг се обидува да ги „умножи своите одбранбени способности за илјада“, наведе КЦНА. Суперсоничните ракети се многу побрзи од конвенционалните балистички или крстосувачки ракети. Исто така, многу потешко се откриваат и пресретнуваат со системи за противракетна одбрана.

Северна Кореја истрела „неидентификуван проектил“ во морето


Јужнокорејската армија вчера објави дека Северна Кореја истрелала ракета со краток дострел во морето источно од брегот. Ракетата била истрелана еден час пред севернокорејскиот амбасадор во Обединетите нации Ким Сонг да зборува за „легитимното право“ на Пјонгјанг да тестира оружје наспроти „непријателската политика“ на Вашингтон и Сеул.

Северна Кореја: Рано е да се прогласи крај на Корејската војна

Ова е трето ракетно тестирање на Северна Кореја овој месец. Првиот беше тест на крстосувачки проектили со голем дострел, а вториот на балистичка ракета со краток дострел. Американската војска соопшти дека рече дека лансирањето не е закана за САД или за американските сојузници, но дека тоа го нагласува „дестабилизирачкото влијание на недозволените програми за оружје“.