Лукашенко планира уставен референдум до февруари 2022 година

Белорускиот претседател Александар Лукашенко се состана со државните службеници за безбедност во Минск, Белорусија, 27 септември 2021 година

Белорусија ќе одржи референдум за новиот контроверзен устав до февруари следната година, изјави авторитарниот владетел Александар Лукашенко. Тој го објави ова на состанокот на уставната комисија на 28 септември, ветувајќи уште еднаш дека нема да дозволи опозицијата да дојде на власт, бидејќи тие „ќе ја уништат земјата“. „Промените се насочени кон усогласување и урамнотеженост на Уставот со прераспределба на овластувањата на претседателот, парламентот и владата и воспоставување уставен статус за Себелоруско Народно собрание“, рече Лукашенко. Сепак, тој не даде детали за нацрт-уставот или улогата што ќе ја преземе собранието.

Белорусија сѐ поблиску до унија со Русија


Во сегашната форма, Народното собрание е периодично собирање на лојалисти кое нема владејачки статус, според законите. Земјата веќе има парламент. Противниците на Лукашенко го нарекоа обидот за препишување на Уставот маневар за да му помогне да се држи до власта откако опозицијата ја отфрли неговата победа на претседателските избори во август 2020 година. Експертите се сомневаат дека ќе има вистински промени.

Кампања за ослободување на активисти за човекови права во Белорусија

Лукашенко, кој ја води земјата од 1994 година, негираше каква било измама на изборите и одбива да преговара со опозицијата за политичка транзиција и нови избори.