Еврокомесарот за проширување Вархеји во Скопје

Еврокомесарот Оливер Вархеји во Скопје

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји денеска ќе престојува во Скопје. Тој, како што е најавено, меѓу другото, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Вархеји во минатата недела беше во Бугарија каде што разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.

Фон дер Лајен – Сега треба ЕУ да испорача, потребен е уште еден чекор

Вчера во Скопје престојуваше претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на разговори за спорот со Бугарија и негово надминување. „Разговараме и со Бугарија со цел да ја надминеме оваа последна пречка. Има многу добри идеи за коишто вреди да се размисли“, рече таа во Скопје, додавајќи: „ Има многу добри идеи за коишто вреди да се размисли, сè со цел да ја надминеме последната пречка и да започнеме со првата меѓувладина конференција. Наша цел е да ги почнеме преговорите со Северна Македонија и со Албанија пред крајот на годината. Има многу работа, сметам дека е добар процес, многу разговори, зашто што има многу теми коишто може да се решат со добар дијалог, со инвестирање на добри идеи за тоа како да се решат проблемите. Севкупната цел е да се започне со пристапниот процес којшто веќе не треба да биде попречуван од овие теми“. Фон дер Лајен претходно беше во Тирана, каде што се сретна со тамошните власти.

Лајен: Иднината на Албанија е во ЕУ

Таа, како што беше најавено во Брисел, таа денеска ги посети Косово, Црна Гора и Србија, а ден подоцна, Босна и Херцеговина. Таа се среќава со балканските лидери една недела пред Самитот ЕУ - Западен Балкан кој ќе се одржи на шести октомври во Словенија со лидерите од регионот.