Навални ги обвини Епл и Гугл дека се соучесници на Путин

апликација за изборите во Русија на тимот на Алексеј Навални кој се наоѓа во затвор

Рускиот затворен лидер на опозицијата Алексеј Навални ги обвини американските технолошки компании Епл и Гугл дека соработувале со Владимир Путин, бидејќи, на барање на руските власти, тие ја повлекле неговата апликација за изборите во Русија. „Ако нешто ме изненади за време на изборите, не беше толку што Путин ги фалсификуваше резултатите, туку тоа што семоќните големи технолошки компании послушно станаа негови соучесници“, напиша Навални во пораката објавена од неговиот тим на Инстаграм. „Едно е кога монополистите на мрежите држат стап, со цврсти принципи за животот, и за слободата. Но, сосема друго е кога овие луѓе се и кукавици и алчни“, додаде тој.

Апликацијата на Навални за „Паметно гласање“ исчезна од интернет

Навални напиша дека овие луѓе велат дека сакаат да го направат светот подобро место, но внатре има само „лажговци и лицемери“, експлицитно посочувајќи ги Гугл, Епл и Инстаграм. Под притисок на Москва овие компании во минатиот петок се согласија да ја повлечат апликацијата за изборите на тимот на Алексеј Навални од нивните онлајн продавници во Русија. Таа апликација овозможуваше да се добијат упатства како и кога да се гласа за кандидатите на парламентарните избори одржани од 17 до 19 септември. Гугл блокираше и две видеа на Јутјуб кој е во сопственост на технолошката компанија, каде што поддржувачите на руската опозиција ги објаснуваа упатствата. Системот Телеграм, многу популарен во Русија, исто така, ги повлече упатствата на 18 септември на барање на рускиот регулатор за телекомуникации.

Пред изборите за Думата, Кремљ го затвори порталот „Паметно гласање“


Според извори контактирани од агенцијата Франс прес, властите се заканиле дека ќе ги уапсат вработените во Гугл и Епл во Русија. Руската опозиција посочи на масовни малверзации на изборите на кои владејачката партија освои двотретинско мнозинство во парламентот.