Бугарската потпретседателка Илијана Јотова изјави денеска дека Бугарија е под силен европски притисок да се откаже од своето вето на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Но, според неа, има се поголемо разбирање за барањата на Софија кон Скопје, претежно поврзани со правата на луѓето со бугарски идентитет. Таа посочи неколку опции за барањата на Бугарија да станат дел од рамката на преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија.
„Дали овие услови што ги поставивме ќе бидат во првото поглавје, или ќе бидат запишани и ќе траат како црвена нишка во целиот процес на преговори, или конечно ќе бидат изнесени во посебно 36-то поглавје, е прашање на разработка со услови и дека ќе се земе предвид бугарската позиција“, изјави Јотова за Бугарското национално радио.