Авион исчезна од радарот во Далечниот Исток во Русија

Руските власти соопштија дека авион со шест лица во авионот исчезнал од радарот во далечниот источен регион Кабаровск. Сигналот на авионот на радарите се изгубил кога авионот Антов АН-26 бил на одалеченост од 38 километри од градскиот аеродром во Кабаровск, најверојатно во областа на природниот резерват Хекцир.

Се урна руски воен авион при пробен лет

Според првичните податоци, во авионот имало екипаж од шест лица, додавајќи дека авионот изведувал технички лет. Група спасувачи и хеликоптер Ми-8 се испратени во областа да го бараат авионот што изчезнал од радарот.

„Пребарувањата е отежнато поради неповолните временски услови“, соопштија надлежните.

Сите 18 патници во рускиот авион кој принудно слета во Сибир преживеале

Ан-26 е авион кој се користи за цивилен и воен транспорт. Тој е дизајниран и произведен во Советскиот Сојуз од 1969 до 1986 година.