Над 100 илјади дози Фајзер пристигнуваат во Македонија

Денеска се очекува да пристигнат 110.612 вакцини против ковид-19 од компанијата „Фајзер-Бионтек“, кои се купени преку Ковакс-механизмот, соопшти министерството за здравство. Во нивното соопштение е наведено дека до крајот годината се очекува испорака на уште 100 илјади вакцини од овој производител.

Вакциналните сертификати некаде ги бараат, а некаде не

Пристигнатите вакцини, кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови низ земјата.

Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697.847 граѓани. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани.

Досега 552 прележани повторно се заразиле со коронавирус во Македонија

Вакцинација има без закажан во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.