Сите граѓани кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, тој ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот. Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски денеска изјави дека драфт верзијата е готова и дека ќе биде испратена во Венецијанската комисија. Засега предлог законот не е јавно достапен.
Предизборната „метла“ заменета со антикорупциска кампања „Сега сè е јавно“
„Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е 30 илјади евра,“ изјави Николовски.
ДКСК: Потребен е закон за потекло на имот на сите граѓани
Законот нема да се однесува само на функционерите, туку на сите граѓани затоа што праксата на истражните органи покажува дека функционерите го препишуваат незаконски стекнатиот имот на други лица, а по завршувањето на функцијата си го враќаат, вели тој.