Изборите за руската Дума покажаа какво ќе биде гласањето и за претседател

Гласање на избирачко место во Санкт Петербург на 18 септември. Дали изборите ќе останат без гласачки ливчиња - и нетранспарентни - во 2024 година?

Со невидени репресии и обвинувања за измама преку широк спектар механизми изборите за Думата се показател за она што следува кога ќе заврши четвртиот мандат на претседателот Владимир Путин во 2024 година. Роберт Колсон

Вечерта на 19 септември градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин го заврши главниот митинг за изборната победа за владејачката партија Единствена Русија по изборите проследени со невидени репресии и обвинувања за измама, водејќи ја толпата во скандирање „Путин, Путин. Победа!“

Тоа покажа дека изборите за Думата, долниот дом на рускиот парламент, главно беа за политичар чие име никаде не се најде на гласачкото ливче - претседателот Владимир Путин, авторитарниот долгогодишен лидер чиј четврти мандат во Кремљ треба да истече во 2024 година.

Навални ги повика поддржувачите да не се обесхрабруваат

Уставните амандмани наметнати преку Думата, во која доминира Единствена Русија му овозможуваат на Путин да побара уште два мандата за претседател и потенцијално да остане на функцијата до 2036 година.

Видете и ова: Кремљ: Исполнета целта на „Единствена Русија“ да ја потврди власта

Без оглед дали Путин ќе одлучи да побара друг мандат или ќе ја искористи можноста да избере свој наследник, следните претседателски избори во секој случај ветуваат дека ќе бидат наместени.

„Овие избори беа генерална проба за изборите во 2024 година“, вели политичкиот аналитичар од Москва Константин Калачиов, додавајќи: „Изборите беа вежба во време кога јавноста станува се повеќе разочарана од Единствена Русија и од целокупната стагнација на политичката и економската ситуација во земјата, воопшто“.

„Луѓето сакаат промена“

Московскиот аналитичар Дмитриј Орешкин смета дека политичката клима за Единствена Русија се променила и тоа го поттикнува размислувањето на Кремљ за 2024 година.

„Живееме во момент кога Кремљ губи недвосмислена контрола врз гласачите. Гледаме како гласачите се гневни од она што ние би можеле да го наречеме статус кво. Луѓето сакаат промени“, вели тој за РСЕ.

ОБСЕ нема да испрати набљудувачи на изборите во Русија поради „големите ограничувања“

Станислав Андрејчук, ко-претседател на независната група за мониторинг на изборите Голос, вака ја елаборира оваа тема:

„Пред десет години, на сцена се појави навистина масивен кадар за набљудување на изборите. Во 2019 година се случија првите масовни протести против одбиените регистрации на кандидати, не само по наместените избори. Сега државата почнува да го губи монополот во медиумскиот простор, принудата станува неефикасна, поддршката од претходно лојалните избирачи исчезнува и нови политичари ги заменуваат оние што беа затворени или принудени да емигрираат. Така, заострените изборни закони се чини дека се обид на режимот да го повлече приливот на незадоволство во јавноста“.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Победа за Кремљ извојувана со нерегуларности

Во пресрет на гласањето за Думата, властите воведоа десетици ревизии на изборниот закон, вклучително и ограничување на пристапот до видео камерите што ги следат избирачките места, воведување на „експериментално“ гласање преку интернет во селективни региони, воведување тридневно гласање и проширена употреба на мобилни гласачки станици, како и гласање дома.

„Ова беа матни избори. Немавме директни видео -извори како што имавме за време на претседателските избори во 2018 година и последните федерални избори. И видовме со какви сериозни пречки се соочуваа монитори на изборите“.

Заострување на административната контрола

Московскиот аналитичар Александар Кинјев е со ист став за тридневното гласање, кое наводно беше воведено за да го направи учеството поголемо и да ја намали гужвата пред пандемијата. „Во реалноста, главната цел на овие три дена е да се заостри административната контрола“, вели тој.

Русија повторно ги казни Фејсбук, Твитер и Телеграм за небришење „забранети“ содржини

Веројатното проширување на електронско гласање, кое не може да се провери, на претседателските избори во 2024 година може да биде клучен чекор кон крајот на глумењето демократија во Русија, велат аналитичарите и критичарите на Кремљ.

„Овие избори, иако се далеку од совршени, може да бидат последни со гласачки ливчиња. Очигледно е дека владата има за цел да спроведе електронско гласање низ целата земја на претседателските избори во 2024 година. Ако тоа се случи, следењето на гласањето нема да биде ниту теоретски можно“, напиша Андрејчук во својот коментар.

Видете и ова: Двојници на руските избори - Стари трикови за нови гласови


Ова важи не само за сумирање на резултатите,туку и за самите гласови, тврди Орешкин, објаснувајќи: „Тоа беше за работниците зависни од државата, од кои многумина гласаа на компјутери на работа. Овие луѓе се сигурни дека постои уред кој проверува како гласале и нема начин да ги убедиме дека системот е анонимен“.

Веќе е познато дека органите за спроведување на законот пристапија до личните податоци од пробивање на веб-страниците на опозицискиот лидер Алексеј Навални и посетија многу негови поддржувачи во она што беше гледано како тактика на заплашување во деновите непосредно пред изборите во Дума.

Нови времиња, нови пристапи

Друга карактеристика на неодамнешната изборна кампања што може да го постави тонот за гласањето во 2024 година е немилосрдниот удар врз вистинската опозиција, независното граѓанско општество и независните медиуми.

Годишно телевизиско шоу на Путин со граѓаните

Ова беше направено првенствено преку механизмот на нејасно напишани и спроведени закони за странски агенти, непожелни организации и екстремизам. Законите беа искористени за дисквалификација на истакнати опозициски кандидати, за затворање на едни и за терање на други да ја напуштат земјата.

Но, со големите независни медиумски куќи и многу истакнати НВО кои се затвораат под непријателски назначувања на владата, политичкиот пејзаж за изборите во 2024 година се преобликува.

Во коментарот за рускиот сервис на РСЕ, московскиот новинар Александар Риклин истакнува дека „многу експерти се сигурни дека претседателската администрација повеќе не игра одлучувачка улога во формирањето на домашните политики. Тие велат дека таа е заменета со мажи во еполети од највисоките чинови на Федералната служба за безбедност. И тие момци, како што сите знаеме, имаат различни методи. Важно е да се разбере дека ова не се случи само по себе. Оние на самиот врв на пирамидата на моќта решија дека новото време бара нови пристапи“, зaклучува Риклин.