Непознати напаѓачи отвориле оган врз автомобил што го превезувал Серхиј Шефир, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, при што го повредиле возачот. Полицијата денеска соопшти дека при нападот кон автомобилот биле испукани повеќе од 10 куршуми.
Нападот се случил утринава во 10 часот по локално време во селото Лисники, во непосредна близина на Киев. Во полициското соопштение не се наведува состојбата на ранетиот возач. Според досегашните информации во автомобилот немало други патници.
Зеленски во моментов е во Соединетите држави за да присуствува на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.