Скоро 80 проценти од Палестинците сакаат Абас да поднесе оставка

Претседателот на палестинската власт Махмуд Абас

Речиси 80 проценти од Палестинците сакаат оставка на палестинскиот претседател Махмуд Абас, што се смета за одраз на гневот на јавноста поради смртта на уапсен активист и задушување на протестите во текот на летото, покажуваат новите анкети. Поддршката за ривалот на Абас, Хамас се зголеми по единаесет дневната војна во појасот Газа во мај и останува висока. Палестинците веруваат дека исламскиот екстремистички Хамас го победи многу посилниот Израел во таа војна, додека Абас, кој има поддршка од Западот, бил потиснат.

Палестина нема да ги почитува договорите со Израел и САД


Анкетата на палестинскиот центар за политика и истражување покажа дека 45 проценти од Палестинците веруваат дека Хамас треба да ги претставува, додека само 19 проценти од испитаниците сметаат дека поумерениот Фатах на Абас ја заслужува таа улога. Шефот на центарот Калил Шикаки изјави дека ова е најлош резултат од анкетата на јавното мислење за Абас и дека палестинскиот претседател никогаш не бил во толку лоша ситуација како денес. И покрај намалената популарност на 85-годишниот Абас и неговото одбивање да распише избори, меѓународната заедница сепак го гледа како водач на Палестинците и клучен партнер во мировниот процес со Израел, што беше запрен пред повеќе од една деценија.

Израелски авиони нападнаа цели на Хамас по протестите на границата

Палестинската власт на Абас контролира делови од окупираниот Западен Брег врз основа на привремени договори потпишани со Израел среде мировниот процес 90-тите години од минатиот век. Хамас насилно ја презеде власта на друга палестинска територија, Појасот Газа, во 2007 година, победувајќи ги силите лојални на Фатах.