Две агенции на Обединетите нации побараа пристап до барателите на азил заглавени на белоруската граница со Полска и Литванија, откако четворица мигранти беа пронајдени мртви во таа област. Меѓународната организација за миграција и Агенцијата на ОН за бегалци ги повикаа владите на засегнатите земји да го почитуваат меѓународното право, особено човековите права, при спречувањето влез во Европската унија од Белорусија. Во заедничката изјава, агенциите на ОН побараа истрага за смртта на четворица мигранти и повикаа на „итен пристап“ до другите бегалци и мигранти „за да им се обезбеди медицинска помош, храна, вода и засолниште“.
Полска има докази дека Минск и Москва го оркестрираат мигрантскиот бран
Владите на Полска и Литванија воведоа вонредна состојба на локално ниво, блокирајќи го пристапот до нивните граници со Белорусија. Тие исто така подигаат огради со бодликава жица и имаат зголемени гранични патроли и возила. Полските власти соопштија дека три лица кои беа пронајдени мртви во неделата во близина на границата со Белорусија починаа од хипотермија и исцрпеност, а граничарите рекоа дека виделе тело на жена во близина на границата, од белоруска страна.
Полска крева ограда висока 2,5 метри на границата со Белорусија
Полска и Литванија се под притисок од зголемен број мигранти кои се обидуваат да влезат од Белорусија - членки на Европската унија. Варшава и Вилнус го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко дека води „хибридна војна“ против ЕУ со цел да ја дестабилизира.